Американски врати
Овој тип на врата е мошне прикладен за места каде нема можност за хоризонтално поставување на профили-водилки. Лесен е и едноставен за употреба.Изработен е од кутиести профили со квадратен облик (пресек), меѓусебно поврзани.Отворањето и затворањето,со повлекување настрана,всушност е собирање,односно растегнување во рамнина,на влезно-излезниот простор,со можност на ротација под агол 90ºна страна,заради ослободување на поголем простор по ширина.Бравата за заклучување е поставена во адаптиран профил,кој ја штити од механички оштетувања.
Токму поради овие специфики,погодна е за простори каде нема или е редуцирана можноста да се изведе поставување на друг вид на заштита.Тоа ја прави оваа американска врата поразлична од останатите,а истовремено единствена според техничко решение, во поглед на варијанта за заштита на простор(влез ) ако теренот не дозволува понаку.Бојата е секогаш по Ваш избор, а се нанесува со електростатско боење (пластифицирање) на металот,со што се дефинира нејзиниот изглед.
Компанијата е сертифицирана според .
|